Девојка со протетска нога е инспирација за сите

Сите луѓе во животот имаат своја цел. Дали ќе ја остварат целта или не, зависи од тоа како ќе се постават и како ќе се водат во животот.

Оваа ведра и убава девојка откако дипломирала, се решила да патува околу познатите светски дестинации. Оваа нејзина одлука е типична за многу млади луѓе.  Но, она што изненадува е фактот што на само четири годишна возраст, на оваа девојка и била ампутирана ногата поради ретка болест на коската.

Така, таа ја избои протетската нога  како црна училишна табла и со креда во боја го испишуваше името на секој град откако ќе го посетеше. На фотографиите може да се забележи нејзината ведрина, среќа и исполнетост со животот кој го има. Таа е вистинска инспирација за сите.




Коментари

коментари