Џенифер Лоренс со моќен и драматичен стајлинг на премиерата на Red Sparrow во Њу Јорк

Младата оскаровка ја има насекаде, тоа е главно заради актуелните премиери кои ги има нејзиниот нов филм Red Sparrow низ светот. 

Минатата недела филмот ја имаше својата премиера во Лондон, за време на лондонската модна недела, а сега на ред е Њу Јорк.

27 годишната актерка, со моќен и драматичен стајлинг се појави на црвениот килим, на премиерата на филмот во кој таа ја игра улогата на балерина која станува безмилосен шпион.

Таа се појави во Lincoln Center со проѕирен топ, волуменозно здолниште и драматично исцратни очи. Со косата фатена во пунџа и црвен кармин, таа блескаше, а нејзиниот стајлинг беше надополнето со смарагдни обетки и прстен. 

 

 




Коментари

коментари