Џим Кери: Се разбудив на Хаваите и сфатив дека имам уште 10 минути живот

Илјадници луѓе барале засолниште, а таму биле и Џим Кери и легендата во кошарката Меџик Џонсон.

Актерот Џим Кери бил помеѓу илјадниците луѓе на Хаваи кога ја примиле драматичната порака која вели дека кон островот лета балистичка ракета и поради тоа мораат веднаш да најдат засолниште.

Како што е познато, станува збор за лажен аларм и таа порака по грешка е испратена од мобилен телефон. Пораката е пратена околу 8 часот наутро во текот на вежба, кога еден вработен стиснал погрешно копче. Следната порака дека се е во ред и дека се работи за грешка, испратена е 38 минути подоцна.

Илјадници луѓе барале засолниште, а таму биле и Џим Кери и Меџик Џонсон. – Се разбудив на Хаваите со уште само 10 минути живот – напишал Кери на Твитер. Вработениот не бил ни свесен дека го притиснал погрешното копче, се додека не почнале да пристигаат пораки. Ова е неговиот твит во оригинална форма.




Коментари

коментари