Џордан заработува повеќе од било кој спортист

Мајкл Џордан и во кошаркарската пензија заработува стотици милиони долари годишно. Поточно, оваа година ќе заработи повеќе отколку било кој професионален спортист во светот.

Минатата година легендарниот Џордан заработи 110 милиони долари, а оваа година ќе заработи минимално 30 милиони повеќе од кој било друг активен спортист во светот.

Освен соработката со Најк, најдобриот кошаркар на сите времиња има договори со Gatorade, 2K Sports, Five Star Fragrances и Upper Deck.

Џордан е сопственик на седум ресторани и салони за автомобили.

Колку е славен брендот на Џордан во САД, доволно збоува овој податок: Патиките на Стивен Кари се голем хит во Америка, а нивната продажба се мери во милиони.

Секако, но тоа е ништо во споредба со патиките на Џордан кои се продаваат 18 пати повеќе.




Коментари

коментари