Џорџ Клуни се повлекува од актерската кариера

Славниот холивудски актер Џорџ Клуни, во интервјуто за Sunday Times изјави дека актерството не му е повеќе приоритет и дека привремено ќе направи пауза од оваа професија.

Тој има 56 години и веќе долго време е во оваа професија. Смета дека не е повеќе тип кој заведува девојки, односно и не би требало повеќе да биде.

Сепак, главната причина за неговото повлекување од актерството е неговата жена Амал и близнаците кои ги добија пред пет месеци.

Призна и дека актуелната политичка ситуација го поттикнува да се вклучи во политиката. Меѓутоа, тој се уште не се чувствува подготвен за таа улога.




Коментари

коментари