Видео: Бијонсе му посвети нова песна на Џеј Зи

Најновото изненадување од страна на Бијонсе е последната нејзина песна – баладата “Die With You”, која е посветена на нејзиниот сакан сопруг – Џеј Зи.


Причина за создавањето на новата песна е седумгодишнината од свадбата со раперот.

33-годишната ѕвезда објави мал извадок од баладата во социјалните мрежи. На видеото се гледа како Бијонсе пее во живо и свири на пијано, облечена во црна спортска маица.

Во песната се пее: “Јас немам причина да постојам, ако не сум со тебе. Те сакам, па можам да умрам со тебе “ .

Целата балада може да биде слушната и симната само од музичката платформа на нејзиниот омилен – Tidal.




Коментари

коментари