Дизни го најави снинамњето на филмот “Prince Charming”

Дизни потврди дека ќе започне со снимањето на долго најавениот филм “Prince Charming”, кој ќе се снима со вистински актери и според еден од најпопуларните цртани филмови. 

По неколку успешни филмови, како “Beaty and the Beast”, Дизни се претвори во хиперпродукција и објавија поголем број на филмови што планираaт да ги снимаат во наредните години.

Така, премиерата на филмот “Dumbo”, најавена уште во 2014 година, ќе се одржи на 29 март 2019 година. Филмот ќе биде во режија на Тим Бартон, кој исто така го режираше и филмот “Alice in Wonderland”.

Покрај тоа, најавен е и филм за Аладин на 24 мај 2019 година, а ќе го режира Гај Ричи, што ни гарантира забавно филмско искуство. Филмовите “Lock, Stock and Two Smoking Barrels”, “Snatch” и “Rockenrolla” беа вистинско акциско освежување на овој креативен директор.




Коментари

коментари