Категории

Доаѓа снегот: Временска за цела недела

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

В среда ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд. Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува и в четврток, кога се очекуваат и нешто пообилни врнежи, особено во јужните делови. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Од среда попладне ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите за 7 до 10 степени.

Прегледи:
394
Објавено на:
24.10.2016