„Додека сме тука..“

1439728307_screenshot_2015-08-16-16-31-56-1Бегам од празнината на овој свет безумно заљубена во шупливоста на твоето живеење. Не ги слушам криците на разумот од жиците кои свират некој електричен блуз.  Ми велиш на крајот на овој пат има само улични светла и еден бог кој живее во стаклено шише. Што знаам јас за богови и грешници..
Можеби на другата страна од креветот спие провалија, но знам дека рајот се протега помеѓу твоите клучни коски. Ми велиш дека љубовта е само фарса за искупување од гревовите додека ми рецитираш стихови од Синатра. Не знаеш дека одамна ми изгоре витлите на заслепената љубов и се хранам само од трошките на распаднатите илузии. Срцево се навикна да престојува во хотели за скршени души, одамна престанав да се бунтувам.
И ова утро нека осамне низ звуците на плачливата гитара, а телата кои ноќва се топат како свеќи утре ќе се претворат во суров восок…Гости сме каде и да одеме, па ајде да го направиме овој престој малку позабавен!

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари