Категории

Доколку родите на оваа возраст, вашето дете ќе биде многу интелигентно

Научниците долго време трагале по одговорот на прашањето – Како возраста на мајката влијае врз детето?

Во денешно време се чини дека жените (пре)долго чекаат да се остварат како мајки, но резултатите од истражувањата покажуваат поинаку. Во спроведено истражување каде што се анализирале 18.000 британски деца, најдобри резултати покажале децата чии мајки ги родиле о 30-тите години од животот. Нивното здравје, исто така било подобро од здравјето на децата кои ги родиле мајки на возраст од 20-тите и 40-тите години од животот.

Причина за тоа, велат стручњаците е фактот што мајките во 30-тите најчесто имаат стабилна врска и повеќе внимаваат на своето здравје (на пример – помалку пушат). Истражувањето исто така покажало дека мајките на тие деца повеќе си играат со своите деца, почесто им читаат и општо повеќе работат со нив.

Прегледи:
397
Објавено на:
13.02.2018