Домашен мирис од кој полесно ќе заспиете

Ако се чувствувате како никогаш да не можете во потполност да се „исклучите“ од се додека лежите во кревет пред да заспиете и со часови ви се вртат во главата сите обврски кои треба да ги направите наредниот ден, очигледно е дека ви е потребна помош но во природен облик.

Ви донесуваме рецепт за домашен мирис за перница кои ќе ви овозможи да заспиете во истиот миг кога ќе ги затворите очите.

Овај фин мирис со помош на етерични масла помага да се опуштите и брзо да заспиете без да се будите во текот на ноќта. Лавандата и камилицата се познати билки кои помагаат во решавањето на проблемот со стресот затоа што поседуваат својства кои смируваат и опуштаат.

Освен етеричните масла од овие две билки, овој домашен спреј содржи и ветивер – познат како масло на смирувањето кое со векови се користи како лек за несоница. Направете го овој спреј и испрскајте ја перницата еден час пред спиење и оставете природата да го направи своето.

Состојќи:
– шише со распрскувач
– 60 ml вотка или цветна вода
– 120 ml вода
– 20 капки етерично масло од лаванда
– 20 капки етерично масло од камилица
– 20 капки етерично масло од ветивер

Подготовка:
Додадете ги сите состојќи во шишето и протресете го со цел сите состојќи добро да се измешаат. Еден час пред спиење напрскајте ја вашата перница.




Коментари

коментари