Домашен пилинг за длабинско чистење на кожата во зима

Еден од најважните чекори кај негата на кожата и одржувањето на нејзиниот здрав и нежен изглед е длабинското чистење кое може да се постигни со помош на пилинг.

Оваа зима кога кожата бара особена нега ви споделува домашна маска од две состојки кои ќе ви помогнат да ги елиминирате сите нечистотии, мртви клетки, митесери и акни и да му ја дадете потребната хидратација на вашето лице.

Во сад измешајте 1 супена лажица кокосово масло и 1 супена лажица сода бикарбона. Нанесете на чиста кожа и вмасирајте ја смесата со нежни кружни движења а потоа оставете околу 10 минути да делува. За крај исплакнете со млака вода и нанесете ја вашата секојдневна хидратантна крема.




Коментари

коментари