Домашен спреј за коса за бранови како од плажа

Ви откриваме како само со неколку чекори можете да постигнете прекрасни кадрави брано и на косата како од плажа, се што ви е потребно се замо неколку состојќи со кои ќе го направите домаш иот спреј кој ќе ви помогне да ја имате оваа фризура во секое време..

Се што ви е потребно:

– 1 чаша топла вода
– 1 лажица морска сол
– 2 лажици балзам за коса кој се плакне, или гел за коса
– 1 лажица кокосово масло

Начин на подготовка:

Во пластично шише со распрскувач додадете ги сите состојки освен балзамот (или гелот) за коса. Затворете го шишето и добро протресете го се додека сите состојки не се соединат. Потоа додадете го балзамот или гелот за коса и повторно протресете го. Пред употреба оставете го да се излади. Морската сол ја суши косата затоа овој спреј немојте да го користите често, користете маска за коса при следното миење.




Коментари

коментари