Категории

Домашна маска за детоксикација на кожата на лицето

Како што му е потреба детоксикација на организмот за ослободување од штетните материи во телото, исто така таа му е потребна и на кожата на лицето со цел тоа да се ослободи од мртвите клетки и запушените пори за кожата да може слободно да дише.

 

Ви претставуваме домашна маска со само две состојќи од вашата кујна која ќе ја ревитализира и обнови вашата кожа. Оние кои имаат проблематична кожа склона кон неправилности, акни и митесери особено ќе ги имаат придобивките од оваа маска.

Се што ви е потребно е:

– 1 супена лажица сок од домати (свежо исцеден)

– 1 супена лажица мед

Измешајте ги состојќите и нанесете ги на чисто лице. Оставете 25 минути а потоа исплакнете со млака вода. Оваа маска можете да ја повторувате неколку пати во месецот.

Прегледи:
591
Објавено на:
16.08.2017