Домашна маска за хидратација на сувата и оштетена коса

Сон на секоја дама е да има прекрасна блескава и здрава коса, а за тоа да се постигне не е доволно само редовното одење на фризер и правилното сушење туку и вистинската нрга која одговара на типот на косата.

Секоја коса е подложна на сушење и пукање и тоа особено во зимскиот период па затоа неа и е потребна редовна хидратација со природни препарати. Во продолжение ви откриваме домашен рецепт по кој ќе ја налравите најдобрата маска која ќе и ја овозможи потребната нега на вашата сува и оштетена коса.

Се што ви е потребно е кокосово масло и мед. Количината зависи од должината и густината на вашата коса.

Измешајте 1 сулена лажица кокосово масло и 1 супена лажица мед во сад, по потреба зголемете доколку како што напоменавме имате погуста и подолга коса. Добро измешајте ја смесата и нанесете ја на мокра коса,рамномерно од коренот па се до врвовите.

Завиткајте ја косата во најлонска фолија и ставете капа за туширање. Оставете ја маската да делува околу 40 минути, потоа добро исплакнете и продолжете со вашата вообичаена рутина при миењето на косата.

Оставете ја косата да се исуши по природен пат. Оваа маска можете да ја применувате 1-2 пати неделно.




Коментари

коментари