Категории

Домашна маска за коса која брзо се масти

Хемиските производи кои се користат за нега на косата содржат бројни агресивни состојќи кои му штетат на скалпот и предизвикуваат оштетување и брзо мастење на кожата која е доста осетлива. Исто така тука играат улога и надворешните фактори, но за таа цел ни ви споделуваме рецепт за домашна маска која ќе ви помогне да се ослободите од овој проблем.

За подготовка на оваа маска ви е потребно:

– 2 лажици јаболков оцет
– пола чаша чај од камилица
– цела чаша топла вода

Добро измијте ја вашата коса а потоа избришете ја со пешкир. Измешаните состојќи на несете ги по целата должина на косата започнувајќи од коренот. Оставете околу 10 минути и исплакнете со млака вода.

Уште еден добар производ за третирање на масната коса е глината која можете да ја користите еднаш до два пати неделно.

 

Прегледи:
277
Објавено на:
30.04.2017