Категории

Домашните миленичиња се најдобриот лек против тагата

Кучињата се најдобарите пријатели на луѓето. Тие позитивно влијаат врз здравјето на луѓето, емоциите и начинот на кој го гледаат светот.

Грижата за миленичето, хранењето, шетањето и чистењето го пренасочуваат вниманието од негативните мисли. Во друштвото на кучето или мачкаталуѓето “излегуваат” во реалниот свет. Миленичињата водат од изолација кон која луѓето тежнеат кога се во лошо расположение.

Сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок и побавен пулс додека извршуваат ментално стресни задачи од луѓето кои немаат миленичиња. Исто така, тие остануваат смирени и имаат поголема самодоверба. Со други зборови, присуството на домашното милениче позитивно делува врз расположението на луѓето.

 

Прегледи:
465
Објавено на:
03.01.2018