Категории

Донирај го твојот појадок и биди дел од хуманитарната акција „Недела на најголемиот појадок“

DFCCA (Drive for Colon Cancer Awareness – DFCCA) е невладина организација која веќе неколку години со помош на кампањи од многу необичен карактер да успева да го сврти вниманието кон важноста на превентивните прегледи.

Овој месец, ДФЦЦА (DFCCA – Drive for Colon Cancer Awareness) Македонија, ве кани да учествувате во традиционалната хуманитарна акција „Недела на најголемиот појадок“ (Biggest Breakfast Week), што ќе се одржи во периодот помеѓу 22.11.2021 и 26.11.2021 година.

Што претставува „Неделата на најголемиот појадок“?

Оваа кампања, всушност е акција која преку организирање солидарен појадок меѓу колегите, има за цел да ја обедини потребата од важноста од превенција и заштита од Ковид-19 за ранливите категории на луѓе – заболени од рак на дебелото црево и малигнитет кај децата, бидејќи превенцијата и раното откривање на овие подмолни заболувања даваат најголеми резултати.

Како може да учествувате?

Низ целата држава, но и на меѓународно ниво, правните субјекти кои се приклучуваат на оваа благородна кауза се вклучени во акцијата преку организирање на заеднички солидарен појадок на вработените во просториите на нивната организација во наведениот временски период, почитувајќи ги правилата согласно моменталните владини мерки за заштита од КОВИД-19, со доделување (носење) појадок за најблискиот колега и собирање средства наменети за појадок на жиро сметката на DFCCA за поддршка на кампањата.

Средствата ќе бидат наменети за хуманитарни активности во рамките на проектот опишан во приложените документи, а вашата организација може да одлучи да донира дополнителни средства на висина над придонесот собран од вработените или традиционално во износ колку што е собран од вработените.

Што треба да направите?

Колегите ја покажуваат својата хуманост и сериозност за поддршка во оваа кампања со тоа што ќе го донираат својот појадок, односно ќе донесат солидарен појадок еден за друг, а ќе ги донираат средствата што биле планирани за појадок.

Учесниците во оваа кампања се своевидни хуманитарни поддржувачи на DFCCA, (DFCCA-Drive for Colon Cancer Awareness), кои со своето учество и донација директно помагаат за успешна реализација на кампањата „Најголемата недела за појадок“.