Дрвената овца за 2015 вели: Збогум сиромаштијо!

Според кинескиот астролошки календар, 2015-та е година на дрвената овца и ќе настапи на 4 февруари.

2015

Астролозите сметаат дека следната година ќе се стави крај на тешките финансиски кризи во многу делови од светот. Во оваа година ѕвездената карта ќе отвори можност за промени на светот кон подобро на глобално ниво.

Годината на дрвената овца ќе биде многу плодна за позитивни промени, за кои сте сонувале многу време. Планетарниот распоред им дава причина на кинеските астролози да сметаат дека постои реална можност за спроведување на промени од позитивен карактер како во светски рамки, така и на личен план.

Западните астролози ги потврдуваат овие планетарни аспекти и позитивниот карактер, како и нивната позиција една спрема друга..

Образовните проблеми ќе бидат изведени на преден план. Годината е многу погодна за завршување на висока образование или претставување на кандидатура за дипломски квалификации.

Тензиите меѓу Плутон и Уран, кои започнаа уште во 2012 година, ќе се намалат во 2015-та. Во првата половина на следната година ќе има хармоничен аспект и меѓу Јупитер и Уран. Ова ќе им даде неочекуван ефект врз развојот на интернет технологијата и безжичните врски. Ќе има и напредок во вселенските истражувања.




Коментари

коментари