Категории

Духовен вторник- еве што се прави денеска

Денеска е трет ден од најголемите празници во Македонската православна црква, Света Тројца или Духови, кој се празнува 50 дена по Велигден и 10 дена по Спасовден.

Празнувањето се продолжува цела недела.

На овој ден, подот во храмовите се покрива со трева, покрај ѕидовите се потпираат гранки од липа, а иконите се китат со цвеќе.

На Духови народот плете венец од трева, кој подоцна го носат во своите домови и го оставаат покрај иконите и кандилата, а многу од нив ги носат во своите автомобили или чанти.

Прегледи:
330
Ознаки:
· ·
Објавено на:
06.06.2017