Категории

Дури и Марк Цукерберг ја прекрива камерата на лаптопот

Основачот и извршен директор од Фејсбук, Марк Цукерберг случајно откри дека ја цени својата приватност над сѐ и тоа на начин својствен на “обичните” луѓе.

Имено, на фотографијата која ја објави во вторникот, а која е замислена како дел од промоцијата на Инстаграм и соборувањето на рекордот од 500.000.000 корисници, Цукерберг откри дека самолепливата лента е неговиот најдобар пријател, особено кога треба да се прекријат камерата и микрофонот.

Фотографијата открива дека Цукерберг на својот лаптоп ги прекрива овие две работи, што покажува дека и најбогатите личности на планетата не сакаат да ризикуваат злоупотреба на своите уреди.

Информацијата за самолепливата лента преку камерата и микрофонот доаѓа неколку недели откако беа хакнати профилите на Цукерберг на социјалните мрежи.

Пред неколку месеци, директорот на американското Федерално истражно биро, Џејмс Комеј, исто така призна дека преку својот лаптоп лепи црна лента за да ги онеспособи евентуалните љубителни очи.

Прегледи:
350
Објавено на:
24.06.2016