Ед Шеран и Бијонсе ги изненадија фановите со песната “Perfect Duet”

Ед Шеран и Бијонсе ја снимија песната “Perfect Duet”, со која започна празничната атмосфера кај многу луѓе.

Неверојатниот вокал на поп дивата Бијонсе одлично се вклопи со баладата која ја напиша Ед Шеран. Двајцата успееја да создадат единствена хармонија, која звучи боженствено. “Perfect Duet” е всушност ремикс на песната  “Perfect” на Ед Шеран, кој ја објави на почетокот на ноември.

Ед Шеран соработката со Бијонсе ја откри вчера на својот профил на Инстаграм, откако претходно имаше изјавено дека неговата нова соработка ќе биде нешто навистина „големо“.

Фановите најверојатно очекуваа неговат дека Ед Шеран повторно ќе има сосработка со Тејлор Свифт или Џастин Бибер, но кога дознаа дека станува збор за соработка со Бијонсе, на нивното воодушевување му немаше крај.




Коментари

коментари