Една од најстарите скопски населби го носела името Ханриево, а сега…

Населбата Ѓорче Петров е една од најстарите скопски општини, зад неа стои голема историја, а го носела името Харниево. 

Во чест на обележување на еден век од постоењето на оваа населба, општината подтогвува музејска поставка, филм, слики и документи кои ќе сведочат за постоењето на населба Ѓорче Петров, една од најстарите скопски населби.

Целата егзибиција ќе биде поставена во новата општинска зграда. Дел од експонатите ќе биде железничарксата опрема, стар фенер и палки за сигнализација, униформи и многу други работи се дел од колекцијата која сведочи за животот во оваа населба. Низа други активности ќе се случуваат во организација на Општината чија населба оваа година слави 100 години од своето постоење, а главната манифестација е закажана за 22-ри септември.

Населбата на бреговите на реката Вардар имала своја железничка станица и била претежно населена од земјоделци. Пред втората светска војна била наречена според францускиот генерал Ханрис, односно Ханриево. За време на окупацијата од Бугарија била наречена по бугарски генерал Жостов, за подоцна да го добие името на македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Својот урбан лик таа го добива по катастрофалниот земјотрес во 1964 година кога со изградбата на инфраструктурата и населбите Влае и Карпош била поврзана со останатиот дел од градот, со што станала гратска населба. Стариот дел од населбата организиран е проширен и организиран во неколку урбани и рурални единици. Сегашната општина Ѓорче Петров е организирана според поделбата од 1996.

Во време кога настанала населбата, поврзувањето со Скопје одело со познатиот воз кој денес се наоѓа во реонскиот парк кој населението го вика „Пампурче“. Возот инаку се обраќал од Охрид до Скопје, движејќи се со помалку од 10 километри на час, па патувањето траело дури 20 часа. Од меѓугратски сообраќај возот е исклучен во 1952, кога продолжил да се обраќа на релација Гратски Парк-Ѓорче Петров-Матка.

Во сторија на Дневник од пред десетина години, се раскажува дека Ѓорчепетровци своето маало го сметале за мало гратче и единствена врска со Скопје било познатото “вовче-пампурче”.

Населбата се протегала помеѓу три реки. Бреговите и плажите на Вардар, Треска и Лепенец биле главно место за рекреација на ханриевци. Низ населбата поминувала и железничка пруга, теснолинејка, која ја спојувала со Железничката станица.

Во Ханриево главно живееле службеници и трговци. Поголемиот дел од мештаните биле вработени во секцијата за градење на Железницата и во Пиротехничкиот завод. Ханриево било маало во кое многу се градело, а најубавите куќи ги градела Железницата за своите службеници од тој реон. И покрај тоа што во населбата поминувале електрично вовче и водоводните цевки од селото Рашче, ханриевци долго време немале струја и вода.

Мештаните биле големи љубители на спортот и на добрата чашка. Во месната Соколана (спортска сала) постоело друштво со 250 члена. Најпознати клубови во ова друштво биле “Хаск” и “Друштвото на Кнегињата Љубица”. Сепак, најголема пасија на ханриевци биле кафеаните. Населбата била преполна од кафеани, кои секогаш биле полни. На помалку од илјада жители имало седум кафеани. Најчести посетители, покрај ханриевци, биле службеници што се враќале од пат и патници што го чекале “вовчето-пампурче”.

Се надеваме дека општинскиот проект ќе долови дел од историјата на оваа стара скопска населба, за постарите генерации да се сеќаваат, а младите да ѕирнат во историјата.




Коментари

коментари