Едноставен рецепт за детоксикација на коренот за здрава и сјајна коса

За здрава коса и брз раст на косата потребно е фоликулите да се одржуваат чисти. Производите за коса кои се користат секојдневно може да предизвикаат затворање на порите и да предизвикаат косатата да го изгуби сјајот и лесно да се мрси, а исто така и да резултира со забавување на растот на косата.

Детоксирајте го коренот да добиете прекрасна коса

Детоксикацијата на коренот вклучува маска и масажа на коренот, за да му овозможи да диши. Маската помага при детоксикација на фоликулите на косата, коренот и масните жлезди.

За да направите детокс маска, потребно ви е:

  • 1 лажичка сода
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1/4 лажичка цимет во прав

 

Упатство:

  1. Употребете големо количество од маската на скалпот
  2. Користејки ги прстите со кружни движења масирајте го скалпот за циркулацијa
  3. .Оставете ја маската 10-15 минути да делува на косата
  4. Измијте ја косата со шампон или регенератор

Масирањето го стимулира скалпот и ја подобрува циркулацијата, а исто така ги отстранува мртвите клетки кои предизвикуваат запушување на порите. Овој детокс третман го одржува скалпот здрав и го спречува загадувањето и мрсењето на фоликулите на косата.




Коментари

коментари