Елегантно спортска фузија во новата колекција на Prada

Миланскиот опсерваторум беше претворен во пастелна градина на моделите од најновата resort колекција на модната куќа Prada, а за љубителите на брендот како и претставниците на модните медиуми ова беше must see настан со оглед на тоа што се работи за прва resort колекција после пет години.
Дизајнерката Miuccia Prada својата колекција ја обои во типичен Prada колорит така што на модната писта владееа пастелните нијанси.
Посебно впечатливи беа спортските референци како тренерки, поло маички, високи спортски чорапи помешани со нетипични спортски елементи како перја, чипка, кристали и златни додатоци. Деликатните свилени и плисирани фустани украсени со црни колани околу струкот, и чипканите креации со светки во необична комбинација со спортски чорапи кои модната куќа предлага да се комбинираат со сандали или новите патики од колекцијата, со сигурност ќе бидат хит помеѓу street style ѕвездите.




Коментари

коментари