Елена и Панчо со спот за нивната дуетска песна „Како да се радувам“ (ВИДЕО)

Спотот за заедничката песна на Елена Ристеска и Панчо од дуото ДНК е готов. На него се работеше неколку дена, а истиот се снимаше неколку дена во познатото казино „Фламинго“ во Гевгелија.

Станува збор за дуетската песна „Како да се радувам“, која се најде на новиот албум на Ристеска, насловен како „Без шминка“.

Спотот се работеше под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“, а во него покрај Панчо и Елена се појавува и нашата преубава манекенка Симона Станковска, манекенката од Србија, Марија  Марковиќ, а своја улога има и Зоки – Свила.

– Песната „Како да се радувам“ е една од новите песни која се наоѓа на мојот последен албум и по неговата промоција веќе ми беше јасно дека мора да се снимиме спот за неа. Се надевам дека публиката ќе ужива, а впрочем ова е и мој подарок по повод денот на жената 8ми март.

И познатиот аренби артист и диџеј не го криеше задоволството од соработката со Елена.

– Со Елена многупати сме разговарале за соработка и конечно се случи. Јас уживав во снимањето на песната, а исто така и додека го снимавме спотот. Нека биде исто така оваа песна и спот подарок од мене за сите припаднички на понежниот пол – изјави Панчо.

За спотот да изгледа така како што изгледа заслужни се и Даниел Николовски, Мила Кадриу и „Фешн Груп“.




Коментари

коментари