Elie Saab со шармантна колекција инспирирана од дивиот запад

Изминатава година бројни модни куќи како инспирација се свртија кон американската култура. Модниот магионичар Elie Saab за новата pre-fall 2018 колекција се одлучи токму за овој стил. Оваа е една од ретките колекции на брендот која не изобилува со препознатливиот гламур и раскош туку е во повеќе опуштен и комфорен дух. Преку шармантните Вестерн мотиви тој претстави еден поинаков фокус на својата работа преку малку несекојдневни креации меѓу кои разиграни тоалети кои се незадолжителни за црвениот тепих, јакни, кошули и здолништа кои изгледаат одлично во кежуал комбинации.




Коментари

коментари