Ема Вотсон со необичен стајлинг и фрузура на MTV Movie & TV наградите

    

Актерката Ема Вотсон на доделувањето на MTV Movie & TV Awards ја освои наградата за најдобра главна актерка за улогата во филмот „Убавицата и Ѕверот“, а она што особено го привлече вниманието беше нејзиниот стајлинг и уникатната фризура направена со помош на жица.

Ема за улогата на Бела во филмскиот римејк на култниот Дизни цртан „Убавицата и Ѕверот“ ја доби првата unisex награда за најдобра актерка/актер која MTV ја доделува за прв пат.

Таа за доделувањето избра необичен фустан во стил на сирена со сребрени светки, а класичната пунџа фризура се одлучи да ја направи што по необична украсувајќи со сребрена жица. Позната по својот избор на несекојдневни стајлинзи и edgy фризури, Ема овој пат изгледот го добери на фризер Адир Абергел кој често пати ги прави фризурите на познатите дами.




Коментари

коментари