Категории

Емотивна приказна: Меси го бара детето што направи негов дрес од ќеса

Лионел Меси почна голема потрага по детето што во изминатите денови е хит на социјалните мрежи поради направениот дрес од кеса. 

Најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси го бара детето од Ирак, чија фотографија со импровизиран дрес на Аргентина направен од најлонска кеса ги преплави социјалните мрежи.
 
Сиромашното дете над џемперот носи кеса што треба да претставува аргентински дрес на Меси.
 
Сликата го допре фудбалерот и тој преку своите застапници, фановите и со помош на медиумите тргна во потрага по детето со цел да му даде оригинал дрес и за миг да му го разубави детството. 
Прегледи:
409
Објавено на:
20.01.2016