Категории

Ерогената карта на машкото тело

Постои распространета заблуда за тоа дека мажот има само една и единствена ерогена зона. И дека останатите допири не му се интересни…

Ќе се обидеме да ја побиеме оваа заблуда со помош на неколку факти.

 

Ќе направиме заедно кратка прошетка по машкото тело и ќе ги откриеме најчуствителните точки. После ќе ве оставиме сами да го откриете ова играјќи си со телото на вашиот партнер…

Главата

Мажите имаат многу чуствителни усни и јазик. Имено затоа преку бакнежот нежен или страстен, започнува секоја љубовна игра. Не помалку е чуствителна и ушната школка. Чудно е, но во групата на ерогени зони ги уврстуваат и веѓите, очите и клепачите, а исто така и косата особено во пределот на тилот. Ќе му доставите големо задоволство ако по време на љубовната игра го милувате нежно по лицето, увото, или пак нежно ги зариете прстите во неговата коса.

Вратот

Кожата на вратот , особено позади е чуствителна на бакнежи, допир и галење. Но не го допирајте со врвовите на прстите или ноктите, подобро направете го тоа со дланката или мекиот дел на прстите, допирајте го доволно силно, но внимавајте да не предизвикате чувство на скокот.

Градите

Машките зрна на градите не се толку чуствителни како женските, но ако ги погалите со јазик или прсти, тие ќе се возбудат и втврдат.

Грбот и задникот

Грбот е силно чуствителен кај мажите, можете да го бакнувате, лижете или гризете својот партнер насекаде по грбот – во зависност од неговата желба. Тој ќе ви каже или покаже со воздишка што најмногу му се допаѓа. Со задникот не мора да бидете многу нежна, можете да го штипнете, тоа тонизира и мотивира. А ако се залепите со стомакот на неговиот грб и задник ќе предизвикате силна возбуда кај него.

Стомакот

Тој е обшто земено најзначајниот дел од телото во однос на сексот. Галењето од папокот нагоре и надолу ќе ја засили возбудата. А бакнежите по оваа зона ги изоструваат чувствата.

Рацете и нозете

Пројдете со прсти или јазик помеќу прстите на неговите раце. Активноста на овие ерогени зони не е голема, но без нивно стимулирање играта ќе биде неполноцена. Областа зад колената е исто така доста ерогена, нежните допири на овие места ќе го доведе мажот до состојба на нирвана.

Интимните зони

Тестисите и пенисот се најчувствителните ерогени зони. Нежната масажа на оваа област е способна да предизвика брза ерекција. Галењето на пенисот е еден од најпријатните и активни начини за возбуда на мажот. Најчувствителна е главичката на пенисот, нежните допири предизвикуваат страсни емоции кај мажот.

Прегледи:
605
Ознаки:
· ·
Објавено на:
10.03.2016