Еве како да се контролирате кога сте лути

Лутењето е нормално и природно човечко чувство, посебно во денешно време кога животот е многу брз и кога имаме огромна количина на информации кои треба да ги акумулираме (во споредба со претходните генерации).

Интензитетот на лутината е многу широк: од благи судири до нагол гнев. Лутината може да биде брза и долга, така да трае со години, а се појавува во облик на горчина, одмазда или омраза.

Лутината исто така може да не доведе до здравствени проблеми како депресија, висок крвен притисок, стрес, зависност од алкохол и др. Погледнете на кој начин можете да го контролирате гневот и лутината.

1. Длабоко вдишите. Бројте до 50 или замислете го својот противник гол, облечен само во чорапи. Тоа ќе ви помогне да се смирите и ќе ви измами насмевка на лицето.

2. Прошетајте. Погледнете високо кон небото. Продолжете да дишите длабоко и лесно. Така ќе ја процените состојбата и ќе се смирите.

3. Направете некои физички вежби. Кога сте лути, вашето тело е многу напнато и тврдо. Ако се протегнете, вашите мускули ќе го опуштат вашето тело и ќе ја исфрлите цела негативна енергија преку вежбањето. Вашиот мозок ќе добие повеќе кислород, а тоа ќе ви помогне да ги исчистите своите мисли.

4. Запишете ги своите мисли. Запишете дека сте лути и зошто. Избегнувајте да бидете рационални и логични. Напишете на хартија се што чувствувате во тој момент. Обидете се да ги напишете сите детали. Функцијата на оваа техника е да се исфрли целиот гнев од главата на хартија.

5. Бидете благодарни. Најдете нешто или некој за што ќе бидете благодарни. Не заборавајте на себе. Бидете благодарни што сте се разбудиле денес, на Сонцето што свети за вас, што е небото сино и што тревата е зелена.

6. Медитирајте. Затворете ги очите, опуштете се, длабоко дишете и лутината брзо ќе ви помине.

7. Погледнете ги работите од друг агол. Погледот на состојбата од гледна точка на тој што ве налутил. Обидете се да простите на себе и на другите.

8. Вашите вредности. Размислете за тоа што е најзначајна работа во вашиот живот? Кои се најважните луѓе во вашиот живот: Каков човек сакате да бидете? Размислете и прифатете ја таа точка дека го живеете својот живот и ги живеете своите вредности. Постои добар човек во вас и сака да ви помогне.




Коментари

коментари