Еве зошто бојата на очите кај бебињата се менува

Бојата на очите е наследна и зависи од боите на очи на родителите, бабите и дедовците. Бебињата од белата раса најчесто се раѓаат со сини или сиви очи, а останатите бебиња речиси секогаш при раѓањето имаат темни очи.

Важен фактор кој ја одредува бојата на очите е меланинот – пигмент кој ја одредува бојата на нашата кожа, косата и очите и кој реагира на сончева светлина. Поради него потемнува бојата на кожата, а може да влијае и врз бојата на очите кај бебињата. Луѓето кои не произведуваат големо количество од овој пигмент имаат сини или сиви очи, оние кои го произведуваат малку повеќе – зелени, додека оние кои го произведуваат највеќе имаат кафеави очи.

По раѓањето, бебето без обзир на генетиката, произведува мало количество на меланин, па затоа повеќето бебиња имаат сино-сиви очи. Колку повеќе бебето е изложено на светлина, расте и производството на меланин, па така почнува да се менува и бојата на очите и тоа најчесто по шестиот месец од животот.

Бојата на очите може да се менува и подоцна, иако поретко, до третата година, но тие промени се многу помали и секогаш од светла боја кон темна. Имено, кафеавите очи нема да станат сини. Кај мал број на луѓе, бојата на очите продолжува да се менува и во текот на годините.




Коментари

коментари