Еве зошто не треба да седиме со скрстени нозе

Повеќето жени седат со скрстени нозе (ама знаеме и мажи, но тоа не е важно сега). Тоа е навика , која не е добра за здравјето. Еве 3 причини поради кои не треба тоа да го правите.

1. Го зголемува крвниот притисок

Многу бројните истражувањата – скрстените нозе ги поврзале со зголемениот крвен притисок. Дури иако немате проблем со притисок можете да почувствувате промени кои негативно влијаат на циркулацијата.
Кога ќе ги прекрстите нозете притисокот праќа поголема количина на крв во градите, односно кон срцето поради што притисокот се зголемува.

2. Предизвикува болки во колковите и грбот

Личностите кои често ги прекрстуваат нозете со тек на време можат да почувствуваат значителна болка во грбот. Болките се јавуваат поради положбата на коските на карлицата.
Во текот на седењето, карлизата има неприродна положба, и се движи кон напред или на страна. Положбата на карлицата се врзува за мускулот на грбот кој се затегнува и вкочанува. Тоа може да предизвика силни болки во долниот дел на грбот и колковите.

3. Создава проширени вени

Седење со прекрстени нозе значително го зголемува ризикот за развиток на проширени вени. Иако проширените вени се највеќе поврзани со генетиката, прекрстување на нозете во текот на денот прави притисок на вените кои се преполни со ситни жилички и капилари.
Притисокот на жилите и капиларите го забрзува протокот на крв кој ги проширува вените и ја менува нивната форма поради тоа тие стануваат отечени и видливи. Тоа може да стане голем проблем за здравјето.




Коментари

коментари