Категории

Еве зошто треба да почнете да спиете голи!

Истражувањата покажаа дека спиењето без облека на себе има многу позитивни влијанија врз телото и психата на човекот, а еве што ќе ви се случи доколку вечерва си легнете голи во креветот.

Го подобрува менталното здравје и позитивно влијае на љубовната врска

Можноста да ја допрете кожата на вашиот партнер создава силна емотивна врска меѓу вас, а самото допирање на кожата кај луѓето создава зголемено лачење на окситоцинот, што позитивно влијае на расположението, ве опушта и го намалува стресот.

Поладното тело овозможува подобар сон

Луѓето кои спијат голи имаат помирен и поцврст сон, покажаа новите истражувања. Тоа е поради фактот што оние кои имаат зголемена телесна температура имаат немирен сон и потешко заспиваат, па добро е да соблечете сѐ од себе за телото да ви се олади.

Помал ризик од инфекции

Бактериите обожаваат топли места, па за жените е многу подобро доколку спијат голи, бидејќи на тој начин го намалуваат ризикот од вагинални инфекции.

Подобро е за спермата

Мажите би требало да спијат голи поради здравјето на своите тестиси. Едно истражување спроведено на Универзитетот Стенфорд, покажа дека мажите кои во текот на денот носат боксерици, а преку ноќ спијат голи имаат 25% помала шанса за ДНК фрагментација на спермата, од мажите кои често носат тесни гаќи.

Прегледи:
407
Објавено на:
01.09.2016