Категории

Facebook успешно тестираше соларен дрон

Компанијата Facebook го изведе првиот успешен лет со соларен дрон кој би требало да донесе интернет во најоддалечените делови на планетата.

Дронот „Aquila“ е направен со намера да обезбеди пристап до интернет за стотици милиони луѓе.
Првиот тест беше изведен во американската сојузна држава Аризона на помали височини, а 40 метри широкиот беспилотен дрон во воздух се задржа дури 96 минути. Тоа е три пати подолго од планираните 30 минути, пишува Daily mail.

Ова летало е опремено за лет на височини од околу 27 километри, а за напојување на моторите му се потребни 5000 вати, за што е потребно десетчасовно изложување на Сонце.

Тестот што беше изведен на 28 јуни, а денеска објавен, е прв во низата проверки што мора да ги помине дронот пред да биде конечно лансиран.

На лансирањето присуствуваше и првиот човек на Facebook, Марк Цукерберг, кој се надева дека дронот ќе може непрекинато да биде во воздух три месеца.

Прегледи:
446
Објавено на:
25.07.2016