Facebook воведе опција за спречување на самоубиство

Најпопуларната социјална мрежа Facebook доби уште една опција, која е наменета за спречување на самоубиства. 

Така, корисниците на Facebook ќе можат да пријават „самоубиствени содржини“ кои нивните пријатели ги поставуваат на оваа страница. Прво ќе мораат да одговорат на неколку прашања околу објавата која што ја пријавиле, дали станува збор за насилна содржина, дали упатува на самоповредување и слично.

Ако корисникот пријави дека станува збор за содржина поврзана со самоубиство, екипата на Facebook ќе ја проучи таа содржина и преку e-mail ќе го контактира корисникот кој на својата страница ја објавил содржината и ќе му прати телефонски број и линк со кој може да започне разговор со експертите од “National Suicide Prevention Lifeline”.




Коментари

коментари