Категории

Фејсбук ќе вметнува реклами во разговорите на месинџер?

Во јавноста се прошири информација дека Фејсбук планира да воведе реклами што ќе се праќаат на корисниците во апликацијата како дел од разговорот, пренесува Теккранч.

Сепак, не треба да се плашите дека рекламите постојано ќе ви доаѓаат во вашето сандаче. Тие ќе се појават само ако предходно сте се интересирале за некоја компанија. Во тој случај таа компанија ќе може да ви пушти реклами во врска со своите нови производи и понуди.

Тешко дека некој од корисниците од 800 милиони корисници на Месинџерот лесно ќе ја прифати оваа промена, па се поставува прашање колку оваа идеја навистина ќе се реализира.

Прегледи:
337
Објавено на:
19.02.2016