Категории

Фејсбук го претстави “Messenger Lite” за послабите “Android” телефони

Фејсбук ја лансираше aпликација “Lite Messenger” која би можела да развесели голем број на корисници на “Android”, чии уреди се преслаби или престари. Фејсбук нема намера да се откаже од голем дел од корисниците чии уреди се преслаби односно престари за да можат да се сносат со барањата на новата апликација за пораки. Затоа ќе биде одлично да се лансира верзијата “Lite Messenger”, пишува “the Verge.”

Исто така оваа верзија би требало да функционира подобро и на послаба интернет врска, за што е посебно развиена.

Новата апликација ќе функционира и на уредите на “Android” со слаб хардвер, а за почеток ќе биде лансирана на пазарот каде таквите уреди најмногу се користат. Први можат да ја користат корисниците од Кенија, Малезија, Шри Ланка, Тунис и Венецуела, но брзо ќе биде достапна и за остатокот од светот.

Прегледи:
349
Објавено на:
04.10.2016