Категории

„Фејсбук“ ви е чуден вечерва и страниците ви „кочат“? Проблемот е глобален

Доколку „Фејсбук“ попладнево не ви работи, или пак функционира многу побавно од вообичаеното, не грижете се, не е до вашиот профил, уред или интернет. Корисниците на најголемата социјална мрежа низ целиот свет попладнево имаат проблеми со нивната почетна страница.

На една од страниците на која се пријавуваат проблеми на социјалните мрежи, Downdetector пријавите на корисниците дека имаат проблем со Фејсбук, некаде од 19, па се до 22 часот вечерва значително пораснале за разлика од бројот на пријавени проблеми во текот на денот.

Поголемиот број од поплаките се дека администраторите не можат да ги работат своите фан-страници и имаат проблеми со постовите. Да се надеваме дека проблемот набрзо ќе биде отстранет.

Прегледи:
351
Објавено на:
21.03.2017