ФИБА не ја признава АБА лигата

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), во овој облик не ја признава регионалната АБА лига, објави оваа организација на својата официјална интернет страница.

На состанокот на Извршниот комитет на ФИБА, кој се одржал во Париз, било дискутирано за одговорите кои организацијата ги добила од 14-те национални федерации кои беа соочени со суспензии.

Извршниот одбор контстатирал дека федерациите направиле се што е во нивна мож за да го решат проблемот, а од некои ФИБА ќе побара гаранции дека ќе постапат според препораките на ФИБА.

ФИБА, односно нејзиниот Извршен комитет повоторно ќе се сотане на 14.мај, а претходно е најавен и состанокот со ривалската Евролига.

За потсетување, АБА лига има потпишано тригодишна соработка со Евролигата, според тој договор на регионалната лига е и загарантирано едно место во Евролигата и три во Еврокупот.




Коментари

коментари