ФОТО: Анџелина Џоли со шесте деца на скијање за Нова година

Анџелина Џоли со децата ја прослави Нова година во вила во Крестед Бјут, Колорадо.

41-годишната актерка и нејзините шест деца беа фотографирани за време на час по скијање.

Џоли се релаксираше на снегот заедно со 15-годишниот Медокс, 13-годишниот Пакс, 11-годишната Захара, 10-годишната Шајло и 8-годишните близначиња Нокс и Вивиен.

По поднесувањето на документите за развод од Бред Пит, Џоли ретко е забележувана во јавност. Странските медиуми објавија и дека Пит се сретнал со децата за време на Божиќ за да си разменат подароци.

Славните актери ја објавија разделбата во септември. Сè уште трае борбата за старателството.




Коментари

коментари