(ФОТО) Фановите во чудење: Лоба се здебели ама тоа и годи, па реши да ги покаже килограмите!

Речиси секоја припадничка на понежниот пол знае да биде критична околу својот изглед и не ретко си наоѓа маани иако изгледа одлично.

Оваа помисла не ја одминува ниту пејачката Викторија Лоба која неделава порано го стартуваше летото на една од грчките плажи каде секако се соблече во бикини за да се сонча. На својот официјален профил за своите следбеници и обожаватели Лоба сподели неколку фотографии на кои позира во црно бикини, а во описот дополни дека качила некој килограм повеќе, но тоа и се допаѓа.

Повеќето беа изненадени од ова, бидејќи тешко се забележува било каква промена на нејзиното згодно и витко тело.

Сепак, претпоставуваме дека дамите ќе ја сфатат оваа критика која Лоба си ја упати на сопствена сметка.

Извор : Вистина.мк




Коментари

коментари