Фото: Медалот за најдобра сестра оди кај…

Можеби крајната линија на трката ја поминаа последни, но оваа сестра го заслужува медалот за најдобра сестра. 

Chloe и Claire Gruenke се тринаесет годишни сестри близначки од Трентон, Илинои кои се натпреварувале на трката на 800 метри. При трката, Chloe се повредила, а нејзината сестра не ја оставила, туку носејќи ја на грб заедно ја поминале патеката.

Нивниот татко вели: „Секогаш се тука една за друга, се држат заедно. Тие се одличен пример.“

Ова е одлична лекција за љубовта, сестринството и помагањето на луѓето. И да, не е важно кој е прв, важно е да се учествува и да го изодиш патот кој што си го почнал, сам или со помош на луѓе со големо срце. 

 




Коментари

коментари