(ФОТО) Ова ќе го памети цел живот: Додека некои го прават тоа секој ден, Антониа скромно призна дека и е првпат и тоа пред камери!

Таа владее на сцената, нејзината енергија во спој со талентот и харизмата, ја прави да биде оригинална и голема надеж за макдонската музичка сцена.

Младата пејачка Антонија Гиговска досега многупати не направи горди со своите префектни настапи во „Ѕвездичките на Пинк“, а дека заслужува да биде меѓу најдобрите покажа со победата во „Кастинг талент шоу“, од кое перфектно го совлада големиот предизвик да ја игра улогата на Ана во мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески.

И покрај многуте обврски и проби околу репризните изведби на мјузиклот, Антноиа најде време за интервју кај водителката Елена Стефановска во емисијата „Живот со стил“. Откако го направија разговорот од кој младата ѕвезда откри доста детали околу приватноста, училиштето, љубовта кон музиката, момчето… се препушти на релаксација која досега немала можност да ја искуси во животот.

Антонија откри дека за првпат ќе го почувствува благодетот на СПА-центар и тоа пред камери.

Скромна, непосредна и полна со позитивна енергија, Антонија за гледачите на емисијата откри една своја поинаква страна, а на искуството во СПА и тоа пред камери веројатно ќе се сеќава цел живот.

Следете ја среќата на инстаграм. 

Извор : Вистина.мк




Коментари

коментари