ФОТО: Запросување под вода во Охридско

Она што требаше да биде обично нуркање во Заливот на коските во Охрид, охриѓанката Наташа ќе го помни цел живот, пишува Охридпрес.

– Никола сакаше на уникатен начин да ја запроси девојката со која долго време е заедно, па ме контактираше да организираме нешто. Му реков само да испечати банерче и да го земе прстенот. Му кажав, другото остави ми го мене. Дојдоа и сите знаевме за настанот освен Наташа. Малку им дадов вовед во нуркањето и заедно со тимот од „Амфора“ влеговме кај Музејот на вода каде тој ја запроси под вода. Се` беше во најдобар ред и како што очекувавме, со многу искрени емоции, изјавил за локалниот портал меѓународниот нуркачки инструктор од клубот „Амфора“ Јован Секулоски.




Коментари

коментари