Французите нудат работа од соништата, ама буквално: Платата е 16.000 евра!

Ваша работа е само да спиете и да сонувате… Звучи примамливо, зарем не?

Францускиот институт за вселенска медицина и физиологија (MEDES) бара доброволци кои би поминале 60 дена во кревет не правејќи ништо освен извршување на физиолошките потреби и за таа „работа“ би биле платени 16.000 евра.

Идеалните кандидати за оваа работа од соништата се физички подготвени мажи на возраст помеѓу 24 и 45 години кои не пушат, немаат алергии и имаат максимален индекс на телесна маса помеѓу 22 и 27, пренесува „The Guardian”.

Во студијата на MEDES од Тулуз, која се занимава со ефектите од микрогравитацијата на телата на астронаутите, има место за 24 мажи. Од нив се очекува да јадат, пијат, да се капат и да извршуваат физиолошки потреби во кревет.

„Правилото е секој момент, барем едното рамо да биде во контакт со креветот или рамката“, вели координаторот на експериментот доктор Арно Бек и додал дека идејата на студијата е да ја репродуцира бестежниската состојба на Меѓународната вселенска станица.

Пред да започнат со двомесечното излежување, кандидатите две недели ќе поминат на интензивни физиолошки тестови и мерења.

„Потоа ќе следуваат 60 дена во кои мораат да останат во кревет, со главата спуштена за околу 6 степени“, вели Бек.

По завршувањето на експериментот, учесниците уште две недели ќе поминат на институтот во Тулуз на програма за закрепнување, во која повторно ќе имаат серија на тестови со кои научниците ќе се обидат да ги согледаат негативните ефекти од продолжената бестежинска состојба на човечкото тело.

Бек вели дека, како и астронаутите во вселената, и учесниците во експериментот ќе страдаат од губење на мускулите во долниот дел од телото, опаѓање на густината на коските и потешкотии при стоењето, што е негативната страна на оваа „работа од соништата“.




Коментари

коментари