Funky Fresh со проширен состав и гаранција за добра забава во градот

Познати имиња, добра музика и нова енергија ни нуди екипата Funky Fresh.

После скоро две години постоење и преку 50 настани, на веќе добро познатите диџеи, Гоце САФ и Чваре, во Fanky Fresh им се придружуваат StrajkDJ Dimitri from Chair, DJ Drazi DragsDJ ILIC и Dj Oky Doky. Сите добро познати имиња на македонската рап и хип-хоп сцена, со многу музички материјал и голем број на настапи оставаат значаен белег на македонската музичка сцена.

Иако сите поединечно, во својство на диџеи, „се виновни“ за добри забави, обединувањето во Funky Fresh ни ветува нивна уште поголема застапеност на клубската сцена и гарантирано освежување и добра забава за фановите на добриот звук.

Проширувањето е повод за славење, дури седум диџеи на едно место е поим за добра забава, а за таа цел нешто фанки и нешто свежо ќе се случува во Капан Ан оваа сабота (25.11.2017). Повеќе за настанот можете да видите тука, а доколку барате нешто поинакво од стандардната понуда на ноќниот живот во градот, ова е настан за вас.

 

 




Коментари

коментари