Фустан од ластичиња по кој цел свет полуде

Додека Австралијанката го правела овој фустан од 20.000 гумени ластичиња, не ни помислила колку многу може да заработи од тоа.

Самохраната мајка Елена Рајт немала поим дека нејзината креативност, талент за дизајн, мода, но пред се многу упорност – ќе се исплати еден ден.

Нејзината ќерка била љубител на нараквици од шарени гумени ластичиња, па оттаму и идејата да искреира фустан, за кој и биле потребни 40 часа активна работа. Почетна цена на овој фустан ан e-bay била 40 долари, за на крајот да достигне сума од неверојатни 200.000 долари. Изгледа упорноста сепак се исплати!




Коментари

коментари