Генијалната Фрида за Гучи пролет/лето 2014

Креативниот директор на модната куќа Gucci, Frida Giannini уште еднаш ја докажа својата генијалност со новата колекција на брендот за пролет/лето 2014. Дизајнерката го промовираше своето ремек дело на модните недели ширум светот.

Пролетната колекција изобилува со тенки материјали во диско бои како пурпурната,златната и смарагдно зелената, плисирани здолништа, длабоки V изрази, свилени кимона… Динамичноста и графиката на парчињата и даваат на оваа колекција заводлив изглед со суптилна доза на спортски елементи во неа,правејќи ја совршена за модерната жена која сака да изгледа лежерно и секси во исто време.




Коментари

коментари