Чек дис аут
Search


Генијални трикови со влажни марамчиња – бришат речиси се

Влажните марамчиња е препорачливо секогаш да ви се при рака, во автомобилот и дома. Одлични се за чистење на дамки, бришење прашина, пребришување на телефонот…

Но, тоа не е се. Во продолжение прочитајте за што се може да ги користите влажните марамчиња и да ја искористите нивната мултифункционалност во целост.

Бришење шминка – доколку го потрошите лосионот, маслото или друго средство со кое ја вадите шминката од лицето, влажните марамчиња ќе ја избришат и најјаката шминка. Уште подобро доколку имате марамчиња за бебиња, бидејќи тие се понежни за кожата и се обложени со дополнителни витамини.

За смирување на наелектризирана коса – поминете по наелектризираната коса со влажно марамче и таа ќе се смири и ќе се спушти. Внимавајте да не претерате и вашата коса да изгледа масна.

За чистење дамки од облека, мебел или тепих овие марамчиња успешно ги бришат сите дамки.

За виткање на косата – доколку немате фигаро или витлери, намотајте влажно марамче околу праменот на косата и заврзете го. Оставете го така преку ноќта и ќе добиете убави локни.

За чистење чевли – успешно ќе ги исчистите чевлите и ќе го вратите нивиот сјај.

Отстранување дамки од дезодоранс – нежно со марамчето поминувајте низ делот од облеката на кој останала трага од дезодорансот додека не ја исчистите.

Дамки од боја – доколку ги фарбате ѕидовите, голема е веројатноста да ви капне по некоја капка на подот, па затоа употребете ги овие марамчиња за успешно да ја извадите секоја дамка.

Собирање влакна од миленичето – едноставно со влажно марамче поминете го крзното на вашиот миленик и соберете ги влакната кои ќе се залепат на марамчето.

За отстранување на бојата за коса од лицето – по фарбањето на косата, неретко ни останува боја на челото и ушите. Влажните марамчиња ќе ја извадат веднаш.

За пребришување на мобилен телефон, лап топ и таблет.




Коментари

коментари